Староста е состојба на умот исто колку што е и на телото, која открива дека луѓето кои се чувствуваат помладо, на старост се поздрави. Постојаното активирање на умствените капацитети ќе овозможат подолготрајно задржување на умствената виталност. Од таа причина, како дел од социјалната заштита во Идила Терзиева, секојдневно се организираат разни активности. Дел од нив се наменети за изразување на знаење од одредена област, како:
- учество во организирани квизови на знаење
- решавање на крстозбори
- садоку
- пронајди го вистинскиот збор
- бесилка
- брза географија
- шах
- карти
- не лути се човече
Останатиот дел од активностите се поврзани со активности за поткрепа и подобрување на меморијата. Тука најчесто се посветува внимание на:
- читање книги
- организирани игри за тестирање и подобрување на меморијата
- секојдневно информирање од дневниот печат
- предавања на одредена тема од областа на здравството
Периодот “зрела доба” ја карактеризира смиреност,ускладеност.Сега се јавуваат тежнеења за социјални контакти,се јавуваат некои нови интереси настанати поради новите ситуации
од животот.Секоја стара генерација создава своја креативност и самосвест.
Токму поради тоа, во рамките на социјалната заштита на старите лица во домот за стари лица Идила Трзиева вклучуваме разни елементи кои ги потикнуваат умствените, креативни и физичките можности на старите лица. Од досегашното искуство, овие мерки и активности се од посебна корист. Сепак, останува периодот пред нас да ги согледаме и собереме плодовите од континуираниот труд. Во зрела доба од континуираниот менталниот развој зависат можностите на понатамошните ментални активности. А социјалната вклученост е само чекор повеќе кон солидно и сочувано ментално здравје. Во таа насока, домот за стари лица Идила Терзиева се стреми да се вклучува во разни хуманитарни акции, семинари за здраво стареење и организирани натпревари во шах. Секако, како и сите останати активности на глобално ниво, тековната пандемија ги ограничува нашите потенцијали. Сепак, по завршување на сите рестриктивни мерки, плановите на домот за стари лица Идила Терзиева продолжуваат со реализација. Тие вклучуваат:
Учество во хуманитарни акции
Нашата установа верува дека секој човек (без разлика на возраста) се чувствува посреќно, поисполнето и подостоинсвено доколку е во можност да подаде рака некому. Токму во таа
смисла, старите лица во Идила Терзиева ги вклучуваме во општествените активности, преку дејностите во кои тие можат да дадат свој придонес. Основна цел на овие хуманиратни активности е старите лица да се почувствуваат корисно за општеството и да го зајакнат чувството на самопочит.
Семинари за здраво стареење
Бидејќи се грижиме за здравата храна и за одмерена физичка активност, сакаме што повеќе да бидеме информирани во таа насока. Затоа, тимот на домот за стари лица Идила Терзиева во соработка со доктор и нутриционист, како и професионален физиотерапефт, организира специјални СЕМИНАРИ ЗА ЗДРАВО СТАРЕЕЊЕ, каде заедно со гостите од разни пензионерски друштва, низ дружба го подобруваат своето здравје и ќе го збогатуваат својот живот. Важен аспект во овие настани е информирањето за подобро здравје, но пред се дружењето со стари лица од други пензионерски друштва, односно сполотување на сите стари лица од општеството.
Организирани натпреварии во шах
По покажаните потенцијали од старите лица во нашата установа за социјална заштита кон шахот, Идила Терзиева се вклучува во натпреварите во шах кои се одржуваат на национално ниво со пензионери од сите општини во Македонија. Секако ова претставува уште еден добар начин за дружење, комуникација и размена на искуства и знаење.