• Контактирајте не и дознајте повеќе | 078 306 668 (08:00 - 18:00)

Посветеноста на здравјето кај старите лица никогаш не било поважно. Затоа ние се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина.Исто така, домот за стари лица има и редовно вработен доктор по општа медицина, како и соработка со специјалисти секогаш кога тоа ќе биде потребно. Искусниот тим од доктор,медицински техничари, физиотерапевти и психолог се секојдневно посветени на задоволување и на најличните желби на нашите корисници. Специјалното медицинско возило е исто така на располагање на сите корисници кои имаат потреба од транспорт за извршување на медицински преглед или друг вид на интервенција.