• Контактирајте не и дознајте повеќе | 075 421 734 (08:00 - 18:00)

Домот за стари лица Идила Терзиева, од 1996 година е лидер во грижата за стари лица во Македонија. Со пренесување на 5 годишното искуство од домовите за стари лица во Велика Британија започнува домашната мисијата на Идила-Терзиева, и тоа да служи до совршенство на своите корисници, грижејќи се пред се за нивното здравје и исполнувајќи ги нивните животи со чувство на добросостојба, пријателство, среќа и сигурност. Новите сместувачки капацитети на домот за стари лица Идила Терзиева се отворени во 2013 година и се лоцирани на само 8км од центарот на Скопје, во природно зелено опкружување и панорамски поглед кон градот, во кој корисниците уживаат. Чистиот воздух и прекрасната градина со фонтана и летниковци само ја надополнуваат оваа идила.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Домот за стари лица Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите опремени со ТВ приемник, индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач, кабловска телевизија и безжичен интернет. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот за стари лица Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на повеќе од 200м 2,вклучувајќи: комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка чајна кујна и камин, и дополнителни заеднички простории за разни друштвени игри.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

“Нашиот комплекс е дизајниран имајќи ги Вашите потреби на ум.”

Во склоп на главната зграда на домот се наоѓаат и главната кујна, две канцеларии за сестри и негувателки и рецепција со приемен дел, каде посетителите можат да разговараат со своите роднини и пријатели. Главната зграда на домот за стари лица е со површина од 1600м 2 . Во склоп на комлексот, се наоѓа и дополнителна помала зграда, во која се сместени: перална, административни простории, фризерски салон, невладината организација Хуманост и простории за школа за лиценцирање на неговатли.

Прекрасниoт објект во класичен стил е наподолнет со 5000м 2 хортикултурно уреден двор. Овој простор е распределен на паркинг простор, градина со фонтана, летниковци, клупи, цвеќе и зеленило, просторно шеталиште, овоштарник.
Сето ова го прави домот за стари лица Идила-Терзиева еден посебен комплекс со иноватовен дух и предиспозиции за совршен сместувачки капацитет за лица во златната доба.