• Контактирајте не и дознајте повеќе | 078 306 668 (08:00 - 18:00)

Врвна грижа и гостопримство

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Ние сме насочени кон посветување на целосно внимание на старите лица. Ние овозможуваме нашите корисници да уживаат во своите пензионерски денови исполнети со исклучителна услуга од учтив и љубезен тим. Ние силно веруваме дека среќата и удобноста на нашите корисници е наша лична одговорност.

 

“Вашата среќа и удобност. Наша одговорност.”

 

Едноставно, ние ја издигнуваме услугата на сосема поинакво и повисоко ниво и ја препознаваме вредноста на секој корисник. Нашите корисници се охрабрени да ни раскажат се за својот карактер и начинот на кој сакаат да живеат. Овие информации не водат во се што правиме.

 

 

Старите лица во Идила-Терзиева можат да уживаат во вкусни, домашно подготвени три оброка на ден . Помеѓу оброците, нашите корисници се секогаш послужени со чај, кафе и разновидни колачиња и овошје како ужина. Со избор на квалитетни и секогаш свежи намирници, нашите професионални готвачи, се трудат секој оброк да го претвори во ново кулинарско искуство. Дневното мени е креирано во соработка со нашите корисници и искусен нутриционист, кој со своите совети ни помогaат да служиме вкусни и истовремено здрави оброци.

“Вкус кој ги надминува Вашите очекувања.”

Желбите на нашите корисници за одредена храна или специјалитет, секогаш ќе бидат ислушани и испочитувани. Заеднички пикник во градината, додека нашите готвачи се грижат за скарата да биде свежа, квалитетна и топла, е слика што во Идила-Теризева често се гледа во топлите пролетни денови.