• Контактирајте не и дознајте повеќе | 075 421 734 (08:00 - 18:00)

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Домот за стари лица Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите опремени со ТВ приемник, индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач, кабловска телевизија и безжичен интернет. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот за стари лица Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на повеќе од 250 м², вклучувајќи: комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка чајна кујна и камин и дополнителни заеднички простории за разни друштвени игри.

“Нашиот комплекс е дизајниран имајќи ги Вашите потреби на ум.”

Во склоп на главната зграда на домот се наоѓаат и главната кујна, две канцеларии за сестри и негувателки и рецепција со приемен дел, каде посетителите можат да разговараат
со своите роднини и пријатели. Главната зграда на домот за стари лица е со површина од 1600 м². Во склоп на комлексот, се наоѓа и дополнителна помала зграда, во која се
сместени: перална, административни простории, фризерски салон, невладината организација Хуманост и простории за школа за лиценцирање на неговатeли.

Прекрасниoт објект во класичен стил е наподолнет со 5000м 2 хортикултурно уреден двор. Овој простор е распределен на паркинг простор, градина со фонтана, летниковци, клупи,
цвеќе и зеленило, просторно шеталиште, овоштарник. Сето ова го прави домот за стари лица Идила-Терзиева еден посебен комплекс со иноватовен дух и предиспозиции за совршен сместувачки капацитет за лица во златната доба.