Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Сместувачки капацитети – Домот за стари лица Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите опремени со ТВ приемник, индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач, кабловска телевизија и безжичен интернет. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот за стари лица Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на повеќе од 250 м².

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Медицинска нега – Посветеноста на здравјето кај старите лица никогаш не било поважно. Затоа ние се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Физикална терапија – Посветеноста на постојана активност во текот на животот е клучот за зајакнување и одржување на здравјето. Но секако, со годините се намалува способноста на старите лица за безбедно и ефикасно вежбање. Затоа ние сметаме дека е особено важно да се спроведе физикална терапија за корисниците во нашиот дом за стари лица.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Врвна грижа и гостопримство – Ние сме насочени кон посветување на целосно внимание на старите лица. Ние овозможуваме нашите корисници да уживаат во своите пензионерски денови исполнети со исклучителна услуга од учтив и љубезен тим. Ние силно веруваме дека среќата и удобноста на нашите корисници е наша лична одговорност.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Активности и настани – Истражувањата покажуваат дека чувството на осаменост, здодевноста и монотонијата се најголемите непријатели на среќата на повозрасните лица. Едно е сигурно, во Идила – Терзиева никогаш нема да бидете осамени, а на чувството на здодевност сигурно и ќе заборавите.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Кулинарско искуство – Старите лица во Идила-Терзиева можат да уживаат во вкусни, домашно подготвени три оброка на ден . Помеѓу оброците, нашите корисници се секогаш послужени со чај, кафе и разновидни колачиња и овошје како ужина. Со избор на квалитетни и секогаш свежи намирници, нашите професионални готвачи, се трудат секој оброк да го претвори во ново кулинарско искуство.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Грижа за здрав живот – Бидејќи физичката активност е од исклучително значење за виталноста на нашите корисници, во домот за стари лица Идила-Терзиева никако не ја изоставуваме. Секојдневно се организирани фитнес часови и лесни физички вежби специјално прилагодени за потребите на старите лица.