• Контактирајте не и дознајте повеќе | 078 306 668 (08:00 - 18:00)

Физичка активност за здравје и виталност

Dom-za-stari-lica-idila-terzieva

Физичка активност за здравје и виталност

Физичка активност за здравје и виталност 1024 683 Дом за стари лица Идила Терзиева
Луѓето кои се сметаат за болежливи и слаби имаат поголема веројатност да се откажат од редовните физички активности кои понатаму во живтотот ќе им обезбедат подобро здравје. Но, оние другите со позитивен став кон себе остануваат социјално активни личности, здрави и уживаат во поголем квалитет на животот и покрај еднаквите или поголемите нивоа на физичка слабост.

Верувањето на луѓето дека се стари и во лоша здравствена состојба може да доведе до губење на интересот за учествување во социјални и физички активности, лошо здравје и намален квалитет на живот. Стари сте колку што верувате дека сте стари.

„Секој треба да се обиде да има колку е можно попозитивен став за себе и за староста, а никако да не претпоставува дека секоја година ќе биде се поизнемоштен“. Физичката активност како превенција од предвремено стареење застапена е секојдневно во домот за стари лица Идила Терзиева, а се организира преку разни физички активности:

  • куглање
  • прошетки во двор
  • еднодневни екскурзии(посета на културно историски знаменитости)
  • масажи и вежби со физио терапевт
  • помош во домашни обврски (припрема на зимница)
  • хранење и прошетка на миленичиња
  • грижа за градината

Истите имаат за цел да го зајакнат целиот организам,а воедно и да изврши заштита и унапредување на менталното здравје. Преку куглањето се развива целиот организам,со сите мускулни групи,натпреварувачки дух,чувство на задоволство од добро извршената работа (победа),како и канализирање на негативни емоции. Секојдневните прошетки носат огромни позитивни промени во здравјето, преку забавување на процесот на влошување на состојбата на телото која се јавува со текот на годините.

Еднодневните екскурзии влијаат за стекнување на нови пријателства,се развива групен живот. Во ваквите групи социјално соработуваат се стекнуваат со многубројни работни мотиви и ја задоволуваат својата потреба за лична сигурност и безбедност, кој недостаток сеуште го чувствуваат бидејќи на некој од нив им се разлабавени односите со семејството.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Физиотерапијата и масажите помагаат за ослободување од стрес, општо тонирање на организмот како физички така и психички. Ги стимулира животните процеси и има благопријатно дејство врз функциите на сите важни системи, како респираторниот, кардиоваскуларниот, дигестивниот, нервниот и мускулно-скелетниот систем. Учеството во домашните обврски им oвозможува да се докажат дека се способни, работливи и вредни. Со учеството во домашните обврски си потврдуваат сами на себе дека се способни за работа.

Постарите лица се посамостојни со присуството на домашно милениче. Во домот за стари лица Идила Терзиева старите лица секојдневно се дружат со лабрадорот Хана и мачорот Тошо. Топлиот скут на старите лица е омиленото место на мачорот за предење. Младоста на старите лица се одржува и со нега на домашни миленичиња. Грижата околу нив ги тера старите луѓе на поголема физичка активност, а тоа воедно значи дека се и посамостојни кога се во прашање нивните сопствени потреби.

Градинарството е лек за опуштање, енергија и елан за живот. Градините имаат поволно влијание врз оние кои се занимаваат со нив. Работата во градината е особено благотворна кога се работи за лица кои имаат промени на расположението,мрачни мисли и депресии. Самиот престој во близина на зелени површини го подобрува квалитетот на животот. Благодарените на своите бои, формите и мирисите, цветната градина го поттикнува внатрешниот мир и рамнотежата, активира скриени потенцијали, ја поттикнува креативноста и мотивира.

Работата во градина опушта и ослободува од стрес, и успешно лечи големи и мали „животни гребнатини и рани“. Со сеењето, засадувањето, посматрањето на растењето и обновувањето на природата човекот добива волја за ширење на сопствените потенцијали, па така станува позадоволен.Но, градината не е само мелем за душата. Грижата околу растенијата подразбира низа физички активности. Залевањето, скопувањето, прскањето, плевењето се делотворни против тегобност, помагаат да го исполните денот и да се чувствувате корисни. Градинарството може да помогне и да се ослободите од чувство на несигурност во друштво. Тоа го олеснува контактот со луѓето, а поделбата на задолженијата и заедничката работа олеснуваат да се победи срамежливоста. Дворот на домот за стари лица Идила Терзиева со површина од повеќе од 5 000м 2 е
идеално место за остварување разни градинарски активности.