Деменцијата претставува збир од симптоми на постепено, но прогресивно опаѓање на капацитетите на мозокот. За ваквото опаѓање на мозочните функции постои органска основа т.е. постепено изумирање на нервните клетки и атрофија на мозокот.
Деменцијата најмногу се манифестира преку потешкотии со когнитивните функции и промени во однесувањето. Во понатамошните фази од болеста се јавуваат и промени во емоциите, говорот, расположението, мотивацијата, временска и просторна дезориентираност, неможност за самостојно донесување одлуки, потешкотии во извршните моторни функции, промени во социјалниот домен сè до потешкотии со контролирано извршување на биолошките функции. Симптомите обично се развиваат полека, но со текот на времето состојбата се влошува до тој степен што настануваат проблеми во секојдневното функционирање на лицето, неможност самото да се грижи за себе.
Статистички е покажано дека на возраст над 65 години ризикот од заболување од Паркинсонова и Алцхајмерова деменција се зголемува. Моментално има приближно 20 000 заболени лица од деменција во Македонија, а во наредните 10 години се очекува таа бројка двојно да се зголеми. На овие лица мора да им помогнеме да остарат здраво и квалитетно. Имено, целта на специјализираниот центар за деменција е целосно да се посветиме и да се прилагодиме кон потребите на лицата со сите видови на деменција: Алцхајмер, васкуларна деменција, Луи Бади, фронтотемпорална деменција, како и останати болести со деменција. Како први на пазарот со ваков потег, одлукатаистовремено не предизвикува и мотивира. Специјализираната центар за лица со деменција Идила Терзиева ги нуди следните услуги:
- Сместување во капацитети целосно прилагодени за лица со деменција
- Нега од специјализирани негователи со лиценца за работа со лица со деменција
- Медицинска нега 24 часа
- Посебна соба за работна терапија за лица со деменција
- Музикотерапија
- Уметничка окупација
- Вежби
- Прошетки во природа
- Главен акцент ќе се стави на безбедноста на лицата со деменција, како и на пронаоѓање на соодветна терапија која ќе им овозможи на лицата со деменеција мирна и достоинствена старост
Врвна услуга за лицата со деменција е невозможна без врвен и професионален тим. Во соработка со невладината организација Хуманост, подготвивме програма за обука на негователи за стари лица со деменција. Оваа програма е единствена од ваков тип и е верифицирана во Министерството за образование на Република Македонија. Дополнително, тим од шест вработени од домот за страи лица Идила Терзиева посетија обука во Ајнховен, Холандија, каде добија обука за работа со лица со деменција, и целото искуство го пренесоа во новата установа. Оваа интернационална размена на искуства е пракса во Идила Терзиева, а со новите активности и потребата од повеќе стручност и знаење од областа на деменцијата, во наредниот период ќе биде поинтензивна и ќе се пренесуваат искуства пред се од Холандија и Словенија.
Во следните наши текстови ќе можете да прочитате повеќе како да ги препознаете навремено симптомите на деменција, како и основните начела за превенција од оваа состојба пред 65-тата година од животот.