Контактирајте не и дознајте повеќе  |  078 306 668

Кратко искуство со Благуна Цветковска

dom-za-stari-lica-idila-terzieva-blaguna-cvetkovska

“Живот е прекрасен затоа треба да се живее. Затоа што еден е живот нема реприза. Имав прекрасно детство. Ние бевме среќни весели иако немавме пари. Парите не ги сакам затоа што тие се обична хартија .Се омажив имавме две ќерки Алекс и Ангела. Бевме премногу среќни. Кај нас секогаш секогаш имаше многу луѓе. Едноставно знаевме да живееме. Но?

Таа среќа се уништи се распарчи на парчиња. Прво умре мажот ми а потоа мојот пекол почина мојата ќерка Ангела. Мојот Ангел одлета. Јас паднав во кома чекале да умрам но јас се разбудив. Ја познавав само Ќерка ми Алекс. Ме однесе во старските дом Идила Терзиева во Радишани. Имав халуцинации инаку мојата дијагноза беше цироза на црниот дроб. Но почнав да закрепнуваме и ме однесоа во Идила Терзиева центарот за рехабилитација. Но и меморијата почна да ми се враќа. Сега се сеќавам буквално на се. Но да се вратам на мојата болест. Едноставно паѓаше месо имав премногу болки.

Но тука беше Бојан сите сестри ми правеа секој ден толку вложуваа труд. Секако тука се негователите. Буквално сите беа со мене . Од хигиена кујна сите. Тие се моето семејство. Мислам дека животот без нив не може. Некогаш кога имав многу болки им викав ги бркав. Но тие не ме напуштија никогаш. Си велам како можеа да ме опорават. Јас бев непокретна. Ме ранеа но бев храбра мора да успеам за мојата Алекс.

Прво почнаа моите физеотерапефти упорно да работат со мене. На моменти си велев да си одам јас неможам повеќе. Но успееја да ме дигнат на нозе. Јас одам јас живеам.Толку сум среќна во домот Идила. Овде нема разлика за мене кажувам од директорите Мери и Елена. Или Бети, Драгана, Наде сите за мене се моето големо семејство. Јас премногу ги сакам сите.
Запознав многу пријатели. Се дружиме кога има веселби играме . Ќе заборавев дека многу ми помогна и Магде психологот. Ме бодреше ми даваше тешки задачи. Во себе си велев аманн од оваа. Но таа не ме напушташе.

Сега за домот прекрасен е сите се љубезни. Но морам да признаам дека сум досадна. Секој ден со моите физиотерапефти Горан,Александар, Виктор и Кате сме надвор. Не сакам сабота и недела затоа што ги нема нив. Јас сум многу позитивна ги сакам сите. Знам и да викнам а ако згрешам се извинувам. Инаку за мене овде ми е прекрасно. Ако не е нешто во ред веднаш кажувам. Сега тие ми се се во мојот живот. Јас многу читам има читална собите се беспрекорно чисти .Тука се Сандријана Сунчица д а ми биде плакарот наместен. Инаку се дружам со сите дали сум досадна? Незнам можеби затоа што сум многу зборам.

Јадењето е супер но највеќе јадам т.е се јадам. Доста за јадење ако спомнат нешто во моментот ми се јаде. Ќе ви кажам нешто обавезно одам на пулт Бети Драгана или директорките сакам лак сакам тренерки. Сакам ова тоа си велам како ме трпат. Отрпнале гарант од Благица. Така се викам заборавив да ви се преставам. Денот ми започнува со музика сакам насмеани и дотерани негователките. Сакам беспкрекорна чистота. Се сакам да е во ред. И така е овде. Им благодарам на целиот тим во Идила. Ги сакам сите без нив како ќе живеам.Ви благодарам за се. Вие сте мојот живот. Без вас незнам како ќе живеам. Самото Идила кажува се.”