• Контактирајте не и дознајте повеќе | 078 306 668 (08:00 - 18:00)

Кратко искуство со Божана Божиновска

dom-za-stari-lica-idila-terzieva-bozana-bozinovska

„Во домот сум веќе две години, од 2019 година каде имам мир и спокој. Самоиницијативно и го препорачав домот на мојата ќерка која живее во странство, бидејќи неколку пати доаѓав на посета кај своја блиска пријателка која веќе беше сместена во домот. Од причина што живеев сама и предложив на мојата ќерка да го види овој дом и воедно да ме смести.

Домот е на високо ниво со хигиената, има беспрекорен персонал кој што се по 24 часа со нас и го чувствувам како дел од моето семејство. По доаѓањето во домот стекнав нови пријателства, со кои секодневно се дружам и комуницирам. Имаме докторка која е достапна во секое време и не ислушува за секој наш здравстевн проблем и ја контролира нашата здравстена состојба. Има медицински сестри кои што секое утро ни мерат притисок.

Во однос на дневните активности кои ги правиме во домот секојдневно се ангажирани социјалниот работник и психологот. Исто така не ислушуваат за секој наш проблем кој го имаме и бараат сосодветно решение за истиот, кога сме тажни и кога сме весели, се обраќаме на нив за да си ги споделиме информациите. Негователската нега е на највисоко ниво, кујната е беспрекорна. Исто така сум задоволна од физиотерапевтите кои ни прават секој ден утрински вежби.

Има прекрасен двор каде што се прошетуваме секојдневно и седиме во летниот период. Би го препорачала домот за секој што нема можност да седи во домашни услови, да се грижат за него и сака а доживее длабока старост.”