Кратко искуство со Миле Савевски
„Во Идила Терзиева живеам веќе 16 години. По 20 години работа во Германија мирот во пензионерските денови го пронајдов тука.
Искрено, луѓето тука се како моја голема фамилија, и многу сум задоволем од третманот и односот од сите. Најмногу сакам да шетам во дворот, да пијам кафе на сонцето, а секогаш кога можам помагам во одржување на ружите и наводнување на тревникот.
Кога би требало да го раскажам целото искуство во домот, би требал да напишам роман, затоа со еден збор можам да кажам дека сум многу задоволен и многу благодарен за се.“