Истражувањата покажуваат дека чувството на осаменост, здодевноста и монотонијата се најголемите непријатели на среќата на повозрасните лица. Едно е сигурно, во Идила-Терзиева никогаш нема да бидете осамени, а на чувството на здодевност сигурно и ќе заборавите. Затоа што во вашиот нов дом секојденевно ќе имате можност да уживате во:
- Физикална терапија
- Учество на организирани семинари за здраво стареење
- Фризерски услуги
- Педикир
- Учество во хуманитарни акции
- Кино вечери
- Организирани физички активности
- Бинго и други игри на среќа
- Посета на блиски излетнички места и културни локалитети
- Учество во занаетчиски работилници
- Други активности инспирирани од желбите на старите лица