• Контактирајте не и дознајте повеќе | 078 306 668 (08:00 - 18:00)

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Сместувачки капацитети

Домот за стари лица Идила-Терзиева располага со 38 соби и 5 апартмани, сите опремени со ТВ приемник, индивидуален тоалет со туш, СОС повикувач, кабловска телевизија и безжичен интернет. Покрај современо опремените соби и апартмани, домот за стари лица Идила-Терзиева располага и со заеднички простории распространети на повеќе од 250 м².

Прочитај повеќе
Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Медицинска нега

Посветеноста на здравјето кај старите лица никогаш не било поважно. Затоа ние се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина.

Прочитај повеќе
Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Физикална терапија

Посветеноста на постојана активност во текот на животот е клучот за зајакнување и одржување на здравјето. Но секако, со годините се намалува способноста на старите лица за безбедно и ефикасно вежбање. Затоа ние сметаме дека е особено важно да се спроведе физикална терапија за корисниците во нашиот дом за стари лица.

Прочитај повеќе
Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Врвна грижа и гостопримство

Ние сме насочени кон посветување на целосно внимание на старите лица. Ние овозможуваме нашите корисници да уживаат во своите пензионерски денови исполнети со исклучителна услуга од учтив и љубезен тим. Ние силно веруваме дека среќата и удобноста на нашите корисници е наша лична одговорност.

Прочитај повеќе
Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Активности и настани

Истражувањата покажуваат дека чувството на осаменост, здодевноста и монотонијата се најголемите непријатели на среќата на повозрасните лица. Едно е сигурно, во Идила – Терзиева никогаш нема да бидете осамени, а на чувството на здодевност сигурно и ќе заборавите.

Прочитај повеќе
Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Грижа за здрав живот

Бидејќи физичката активност е од исклучително значење за виталноста на нашите корисници, во домот за стари лица Идила-Терзиева никако не ја изоставуваме. Секојдневно се организирани фитнес часови и лесни физички вежби специјално прилагодени за потребите на старите лица.

Прочитај повеќе