Контактирајте не и дознајте повеќе  |  078 306 668

За Идила Терзиева

Домот за стари лица Идила-Терзиева во својот состав содржи дел кој е специјализиран за нега на лица со Aлцхајмерова болест и деменција. Нашето мислење е дека е невозможно лица со широк диверзитет на болести (состојба на старост пропратена со изнемоштеност, мозочни удари, скршеници, деменција, паркинсонова болест, дијабет итн. ) да бидат професионално услужени со групен третман, односно однос и третман еднаков за сите. Ние сметаме дека ова ниво на понудени услуги во Македонија треба да оди чекор понапред. За старите лица во Македонија повеќе не е доволно само да се најде сместување во дом за стари лица, кој ќе треба да задоволи основни услови. На ова ниво на општа свесност, во Македонија се бара и поголем квалитет и конвенционалност на услугата.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-demencija-alchajmer

Старите лица со деменција во Македонија заслужуваат пософистициран пристап, односно сместување и секојдневна нега целосно прилагодени на нивните потреби. Токму затоа, домот за стари лица Идила Терзиева, дел од своите капацитети ги насочи кон задоволување на потребите на лицата со деменција и Алцхајмер, а првиот кат во домот е обезбеден за стари лица со потреба од рехабилитација или едноставно потреба од нега и згрижување.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-demencija-alchajmer

ЗОШТО СМЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЦЕНТАР ЗА АЛЦХАЈМЕР И ДЕМЕНЦИЈА?

Домот за стари лица Идила-Терзева, односно специјализираниот центар за Алцхајмер и деменција во рамките на домот, е посебен центар кој обезбедува грижа за лица со различен степен на деменција или Алцхајмерова болест. Тоа подразбира создавање на прилагодена средина која има поставено стандарди за да овозможи начин на живот без стрес, безбедност и здравје на постарите лица и спроведување програми дизајнирани да ги негуваат когнитивните вештини.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-demencija-alchajmer

Кога старите лица се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција, тие често бараат внимателна и стручна грижа, во средина што е безбедна и прилагодена на нивните потреби. Негувањето на лица со деменција во домашни услови можеби нема да може да им даде на постарите лица грижа која им е потребна во сите часови на денот, а повеќето домови не се изградени за да се приспособат на посебните потреби на лицата со проблеми со меморија. Затоа во светот толку многу семејства се обраќаат на специјализирани центри за деменција, кои можат да ја обезбедат потребната експертска грижа во прилагодена средина со бројни безбедносни карактеристики и поддршка од трениран персонал кои се достапни 24 часа.

Една од целите на специјализираниот центар е да помогне во забавувањето на прогресијата на Алцхајмеровата болест или деменцијата, истовремено овозможувајќи им на старите лица да се чувствуваат свои, исполнети и да уживаат во секојдневието. Нашиот дом за стари лица располага со обучен персонал, прилагодени сместувачки капацитети и стручно изработени планови за активности кои помагаат во постигнувањето на оваа цел. На пример, секојдневните планови вклучуваат активности за вежбање на мозокот и мемориски игри, како oбезбедување на специјални програми за храна, кои можат да помогнат во борбата против ефектите на Алцхајмеровата болест и деменцијата. И што е најважно, сето тоа е направено во опкружување кое може да им овозможи на старите лица да се чувствуваат удобно и безбедно.