Ние сакаме старите лица да бидат добро згрижени, затоа нудиме различни услуги како што се свежо подготвени оброци, одржување и хигиена, перење, транспорт, придружба при излегување и прошетки, и многу повеќе. Социјалните активности, физичките вежби и работната терапија за подобрување на меморијата се дел од нашето секојдневие.
Дополнително, не е изоставена ниту медицинската нега, постојаната физикална терапија, грижата за навремена таблетарна терапија, како и грижа за редовни и контролни испитувања надвор од установата.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-alchajmer-demencija-smestuvanje

Сместувачки капацитети – Нашиот специјализиран центар е дизајниран според европските стандарди за нега на стари лица со деменција, и вклучува 29 комфорни двокреветни соби опремени според највисоките стандарди за безбедност и удобност налицата со деменција.

Стручен и лиценциран персонал – Нашиот персонал е срцето на нашата установа, и сите се посветени на старите лица секој ден. Членовите на персоналот се внимателно избрани и добиваат почетна и постојана обука за соодветни техники на нега.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Медицинска нега и физикална терапија – Здравјето на старите лица е секогаш приоритет. Затоа се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем на нашите корисници. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина.

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-alchajmer-demencija-aktivnosti

Активности – Нашиот дом за стари лица подготвува месечен план на активности кои се спроведуваат секојдневно, како што се социјални собири, фитнес часови, посета од разни видови на забавувачи, музичка терапија и многу повеќе. Активностите се креираат специјализирано за корисниците со деменција или Алцхајмер, а многу од нив се дизајнирани да им помогнат на корисниците да ги одржуваат тековните вештини и да ги подобрат когнитивните функции.

Безбедност – Нашата установа е целосно посветена и на безбедноста на старите лица. СОС повикувачкиот систем, безбедносните врати, како и поставениот видео надзор овозможуваат безбедна средина која не дозволува несакано талкање на корисниците или нивно губење. Исто така, установата располага и со надворешен обезбеден двор, така што старите лица можат да шетаат во природа и да истражуваат без да се загубат.