Контактирајте не и дознајте повеќе  |  078 306 668

Стручен и лиценциран персонал

Нашиот персонал е срцето на нашата установа, и сите се посветени на старите лица секој ден. Членовите на персоналот се внимателно избрани и добиваат почетна и постојана обука за соодветни техники на нега. Дел од персоналот помина и посебна обука за грижа на лица со деменција и Алцхајмер во Холандија, а најголем дел од нив поседуваат и лиценци за работа со стари лица со деменција и Алцхајмерова болест, базирана на верифицирана посебна програма за образование на возрасните „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните. Нашиот тим се состои од:

  • Доктор
  • Медицински техничари
  • Физиотерапевт
  • Социјален работник
  • Психолог
  • Лиценцирани негователи
  • Готвачи
  • Возач (како и специјализирано медицинско возило)
  • Техничка подршка