Сместувачки капацитети

Старите лица со деменција и Алцхајмер се чувствуваат најдобро во средина во која се чувствуваат удобно и безбедно. Нашиот специјализиран центар е дизајниран според европските стандарди за нега на стари лица со деменција, и вклучува 29 комфорни двокреветни соби опремени според највисоките стандарди за безбедност и удобност на лицата со деменција. Установата располага и со 4 дневни соби и трпезарии, каде старите лица го поминуваат заедничкото време во придружба на персоналот, и ги изведуваат најголемиот дел од планираните дневни активности. Комплексот е комфорен и е распространет на 1450м 2 . Дел од овие активности се изведуваат и на терасата или во дворот на установата, каде се релаксираат во градината покрај фонтаната или уживаат во музичка терапија со изведба на музика на клавир во живо.

"Нашиот комплекс е дизајниран имајќи ги Вашите потреби на ум."

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva-alchajmer-demencija-smestuvanje