Медицинска нега и физикална терапија

За Идила Терзиева здравјето на старите лица е секогаш приоритет. Затоа се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем на нашите корисници. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина. Исто така, домот за стари лица има и  редовно вработен доктор по општа медицина, како и соработка со специјалисти секогаш кога тоа ќе биде потребно. Не секое старо лице со деменција или Алцхајмерова болест го носи истото животно искуство. Затоа, ние во Идила-Теризева веруваме во грижа која е посветена на поединецот. Без разлика дали тоа е преку техниките кои ги користиме или од избраните активности, ние се обидуваме да обезбедиме индивидуален пристап кон сите наши корисници. Суштината на специјализиранот центар за деменција и Алцхајмер е обезбедување посебен професионален психолошки пристап кон старите лица, кој ќе обезбеди лесна и пријатна секојдневна комуникација и атмосфера.

Физикалната терапија е исто така секојдневие за сите лица кои престојуваат кај нас а истовремено имаат потреба од рехабилитација. Во овој домен нудиме услуги како пост-оперативен третман,  раздвижување на корисниците, групни и индивидуални вежби и масажи. По предходна препорака од доктор физијатар, како и со договор и консултација со нашиот искусен тим од физиотерапевти, кај секој корисник се спроведува индивидуална програма за физикална терапија и рехабилитација.