Кулинарско искуство

Старите лица во Идила-Терзиева можат да уживаат во вкусни, домашно подготвени три оброка на ден . Помеѓу оброците, нашите корисници се секогаш послужени со чај, кафе и разновидни колачиња и овошје како ужина. Со избор на квалитетни и секогаш свежи намирници, нашите професионални готвачи, се трудат секој оброк да го претвори во ново кулинарско искуство. Дневното мени е креирано во соработка со нашите корисници и искусен нутриционист, кој со своите совети ни помогaат да служиме вкусни и истовремено здрави оброци.

"Вкус кој ги надминува Вашите очекувања."

Dom-za-stari-lica-Idila-Terzieva

Желбите на нашите корисници за одредена храна или специјалитет, секогаш ќе бидат ислушани и испочитувани. Заеднички пикник во градината, додека нашите готвачи се грижат за скарата да биде свежа, квалитетна и топла, е слика што во Идила-Теризева често се гледа во топлите пролетни денови.